Генерал Замир: Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме, одлуката е на Нетанјаху

Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) Ејал Замир изјави за време на посетата на поморската база во Хаифа дека Израел треба да го прифати договорот за ослободување на заложниците и дека сега сè е во рацете на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави Канал 13.
„Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме“, рече Замир.
Тој нагласи дека ИДФ „создале соодветни услови за постигнување договор“ и дека сега е на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја донесе конечната одлука, објави „Тајмс оф Израел“.
Семејствата и роднините на заложниците што ги држи Хамас во Појасот Газа протестираа вчера пред домовите на израелските министри барајќи договор за прекин на огнот, објавија локалните медиуми.
Милитантите на Хамас држат 50 заложници во окупираната палестинска енклава, вклучувајќи 49 киднапирани од терористи предводени од Хамас во напад врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.
Се верува дека 20 заложници се уште се живи, но постои сериозна загриженост за состојбата на двајца заложници.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Савевски работи по налог на Мицкоски
-

Николоски: Нови инвестиции во Охрид
-

Нова апаратура во „Мајчин дом“
-

О. Карбинци со четирикратно зголемување на средствата од данок на имот
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
