Македонија
3. July 2025 - 7:59

Генералните директори на ФЗО ќе информираат за постигнатите резултати во изминатата година

Генералните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов денеска ќе одржат брифинг со новинарите, посветен на ретроспектива на постигнатите резултати и реформски чекори во изминатата година од нивното именување на функцијата.

Како што информираат од ФЗО, во фокусот на брифингот ќе бидат: клучните системски промени во работата на Фондот; подобрениот пристап и достапност до здравствени услуги и иновативни терапии; зголемената транспарентност и отчетност во управувањето со јавните средства; зголемувањето на буџетите на јавните здравствени установи за 2025 година со цел унапредување на здравствените капацитети и услуги и стратешките партнерства и дигитални иницијативи во интерес на осигурениците.

Од ФЗО посочуваат дека настанот претставува можност за целосен увид во резултатите, процесите и визијата за натамошен развој на Фондот како стожер институција во здравствениот систем.