Герасимовски: Финансиска поддршка за cанација на покриви и лифтови

Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на локалната самоуправа.
Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека со оваа мерка продолжува поддршката за подобрување на условите за домување и унапредување на безбедноста на граѓаните.
- Сите станбени заедници во Општина Центар кои имаат потреба од санација на покриви или поправка на лифтови можат да се пријават на јавниот повик. Наша цел е да обезбедиме поголема сигурност, подобра функционалност и поквалитетно секојдневие за жителите во колективните станбени објекти, порача Герасимовски.
Со оваа мерка предвидена е финансиска поддршка во висина од 30 проценти од вкупната вредност на инвестицијата, но не повеќе од 150.000 денари за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и до 300.000 денари за поправка и санација на лифтови, додека преостанатите 70 проценти од средствата ги обезбедуваат сопствениците.
Право на учество имаат заедници на сопственици или управители од Општина Центар чиишто станбени згради се постари од 15 години, со најмалку 70% населени станови. Потребна е одлука со потписи од 50% + 1 сопственик, како и комплетна документација според условите наведени во повикот (договори, понуди, фотографии, технички извештај и др.).
Пријавите со целосна документација може да се доставуваат до 30 јуни 2026 година, односно до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар за 2026 година, во Архивата на Општина Центар, барака 6, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот или по пошта.
Повеќе информации, условите и потребната документација се достапни на веб-страницата https://www.centar.gov.mk/medija/soopshtenija-javen-povik/260511-javen-p... на Општина Центар и во Архивата на Општината.
МИА
Ново на Сител
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
