Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери.
Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои граѓаните ќе имаат целосен увид и контрола врз услугите што ги користат. Апликациите ќе овозможат навремени известувања, поднесување барања, следење на статусот на услугите, како и поедноставена комуникација со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.
„Дигитализацијата е клучна алатка за подобрување на процесот на паркирање. Работиме на нови мобилни апликации преку кои корисниците ќе бидат целосно информирани и ќе можат брзо и лесно да ги користат услугите“, посочи градоначалникот Горан Герасимовски.
Дополнително, се предвидува воведување на сензорски системи кои во реално време ќе ја покажуваат пополнетоста и расположливоста на паркинг-местата. Овој систем ќе им помогне на возачите побрзо да најдат слободно место и ќе го намали непотребното кружно движење низ општината.
Воведувањето на сензорите ќе се реализира фазно, согласно техничките можности и реалните потреби. Првично, тие ќе бидат поставени во монтажните гаражи, затворените паркиралишта и на најоптоварените локации.
Паралелно со ова, се унапредуваат контакт-центарот и теренската контрола, со цел побрза обработка на пријавите и поефикасна координација на службите, но и поттикнување на корисниците да користат онлајн услуги, вели директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски.
Вложуваме во сензорски системи и ќе стимулираме поголемо користење на онлајн аплицирањето. Еднократниот надоместок за склучување договор, кој досега изнесуваше 350 денари, ќе биде бесплатен за сите што ќе аплицираат електронски. Очекуваме значително зголемување на бројот на онлајн корисници и намалување на гужвите на шалтерите“, истакна Коцевски.
Општина Центар - Скопје
Ново на Сител
-

Не мислам дека врховниот лидер на Иран е мртов, туку дека е тешко ранет, вели Трамп
-

Над 90 илјади невработени, повеќе од 100 илјади работат на црно - Нoви податоци на ДЗC
-

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори – Ангелов оптимист за ставање под контрола
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
-

ДИК: За изборот на градоначалник во општина Брвеница се обезбедени 21.100.000 денари
-

Трамп ја нарече Канада една од „најлошите земји“ за преговори во услови на трговската војна
-

Словачка предлага забрана за социјални медиуми за деца под 16 години
-

Британец осуден на 20 месеци затвор за лажирање смрт на 30 кучиња за кои заработил околу 36.300 евра од осигурителните компании
