Германски научник тврди: Имам 600 докази дека коронавирусот потекнува од лабораторија

Германскиот нано-научник Роланд Визендангер тврди дека постојат докази дека коронавирусот не преминал од животните на луѓето, туку потекнувал од лабораторија.
Научник од Хамбург за германските медиуми изјави дека имал вкупно 600 докази од 2019 и 2020 година.
"Информациите за вирусот и бројните публикации во професионални списанија и на социјалните мрежи покажуваат дека короната е несреќа во лабораторијата.Коронавирусот потекнува од лабораторијата во Вухан", тврди Висендангер.
Според него, вирусот многу добро се „прикачува“ на рецепторите на човечките клетки и успева да навлезе во нив, што не било типично за претходните соеви на корона вируси и укажува на неприродно потекло.
Тој исто така истакна дека лилјаците не се нудат на пазарот во центарот на Вухам, кој беше наречен епицентар на инфекцијата.
Тој очекува во следните недели и месеци да има понатамошни студии и истражувања за потеклото на коронавирусот и се надева на докази што ќе ја поддржат неговата теза.
Ново на Сител
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
