УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип соопшти дека има политика на целосна нетолеранција кон корупцијата и дека во академската заедница нема место за лица кои ја злоупотребуваат својата функција, го компромитираат угледот на високото образование и ја нарушуваат довербата на студентите.
Реакцијата следува по денешното приведување на 39-годишната Т.А., професорка на Факултетот за медицински науки, која е осомничена дека побарала поткуп од 300 евра од студент од Република Турција за да му овозможи да го положи испитот. Иако се залагаат за висок интегритет, ниту еден систем не е целосно заштитен од поединци кои свесно ги прекршуваат законите и ја злоупотребуваат довербата што им е дадена.
-Токму затоа целосно ги поддржуваме активностите на надлежните институции во борбата против корупцијата. Само со професионални, законити и неселективни постапки можат да се откријат, санкционираат и трајно да се отстранат ваквите појави од академскиот систем. Веруваме дека токму ваквите постапки се единствениот пат кон посилни, поздрави и покредибилни институции. Така се штитат интегритетот, угледот и достоинството на високото образование и се зајакнува довербата на јавноста во академските институции, да се стави ТЕЛОП- УГД- Штип.
Само со навремено пријавување, професионално постапување и доследно почитување на законот можеме да изградиме систем во кој знаењето, чесноста и личниот интегритет ќе бидат единствените критериуми за успех, а оние што ја злоупотребуваат довербата што им е дадена нема да имаат место во академската заедница.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
