Германскиот полициски синдикат бара итна забрана на приватните огномети по црниот биланс за Нова година

Полицискиот синдикат во Берлин упати нов апел до политичките лидери за итна забрана на употребата на огномет и пиротехнички средства од страна на приватни лица за време на новогодишната ноќ, откако празничните прослави повторно беа засенети од смртни случаи и тешки повреди, пренесува агенцијата ДПА.
– Потребна ни е забрана на пиротехниката за лична употреба, изјави портпаролот на синдикатот, Бенјамин Јендро, предупредувајќи дека доколку не се сменат прописите, истата ситуација ќе се повтори и следната година.
Во Германија употребата на огномет во приватна сопственост е легална со одредени ограничувања, но секоја година резултира со трагични последици. За време на пречекот на 2026 година, двајца млади луѓе загинаа во градот Билефелд, додека низ целата земја беа регистрирани безброј повреди. Во Берлин е забележан особено тежок инцидент каде дете ја изгубило раката по експлозија на моќна петарда.
Јендро истакна дека и покрај оценките на полицијата дека прославата поминала помирно во споредба со претходните години, нивото на агресија врз припадниците на безбедносните служби и бројот на повреди остануваат неприфатливи.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот најави ново линеарно зголемување на пензиите
-

Сиљановска-Давкова очекува државата да направи исчекор кон природната дестинација, ЕУ
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
