Македонија
1. January 2026 - 16:34

Сиљановска-Давкова очекува државата да направи исчекор кон природната дестинација, ЕУ

Претседателката Горадна Сиљановска Давкова очекува годинава, Македонија конечно да направи исчекор кон, како што истакна, нашата природна дестинација Европската унија.

Сиљановска Давкова повика да продолжи реформискиот процес во државата за како што рече, да се отстранат системските слабости. Како пример, ја посочува кочанската трагедија.

Во првиот ден од новата година, Претседателката упати порака и до власта. Сиљановска Давкова повика на соработка со опозицијата, а од власта очекува кочници во своето однесување.

Сиљановска-Давкова, денеска, во привиот ден од новата година, заедно со началникот на Генралштабот на Армијата беше во посета на велешката касарна каде се спроведува основната воена обука за новопримените професионални војници.