Loading Video...
Фудбал
2. January 2022 - 18:28
Гетафе го изненади Реал Мадрид
Големо изненадување приреди екипата на Гетафе која славеше победа во дулот против големиот фаворит Реал Мадрид со 1-0.
Решавачкиот гол на натпреварот беше постигнат уште во 9-минута, а лошата реакција на гостинската одбрана ја искористи Турчинот, Енес Унал.
По речиси десет години ова е прва победа на Гетафе во дуелите со Реал кој и покрај поразот останува лидер на табелата во Ла Лига со 46, осум повеќе од Севиља која има и две средби помалку од „кралевите“.
Во мечот на четврто и петто пласираните екипи во ла Лига, Атлетико Мадрид го победи составот на Рајо Ваљекано со 2-0 .
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->