Гевгелија најтопла со 14 степени, нестабилно време со дожд и грмежи во текот на денот

Најтопло утрово е во Гевгелија, каде се измерени 14 степени, а најладно е на Попова Шапка каде се регистрирани 3 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Демир Капија измерени се 13 степени, 12 во Штип и Струмица, 10 во Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Велес, Куманово и Виница, 9 во Кавадарци, 8 во Охрид, Прилеп, Претор и Радовиш, 7 во Битола, Крива Паланка и Берово, 6 во Mаврови Анови и Kрушево, како и 5 степени во Лазарополе.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде до 24 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
