Ги следел зетот и невестата на венчавка па почнал да пука во гостите!

Мирно одел зад зетот и невестата на ванчавка во црква, а потоа извадил пиштол и почнал да пука. Умберто Фереира дос Сантос, познат под прекарот Бетино, предизвикал паника во црква во Лимоеиро де Анадиа, Бразил.
Тој сакал да ги изнесе надвор таткото и синот кои на свадбата присуствувале како сведоци, во одмазднички напад поради смртта на неговиот син – пишуваат локалните медиуми.
Умберто Фереира дос Сантос мирно одел зад зетот и невестата, а потоа невешто извадил пиштол и почнал да пука.

Според „Alagoas24Horas“ затрелани биле тројца членови од исто семејство – Кикеро Барбоса да Силва (62), неговиот син Едмилсон Безера да Силва (37) и неговата сопруга чиј идентитет не се соопштува.
Таткото и синот биле потешко повредени и оперирани во болница каде закрепнуваат а жената била полесно повредена – куршумот само површно ја погодил во раката.

Полицијата верува дека се работи за напад од одмазда, бидејќи за убиството на синот на напаѓачот бил осомничен Едмилсон Безера да Силва.
Локалните медиуми јавуваат дека по инцидентот свадбената церемонија продолжила!
Полицијата се уште трага по Дос Сантос кој успеал да избега по нападот.
Ново на Сител
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
