Македонија
5. October 2020 - 16:52

Гимназијата во Дебар започна он-лајн настава

Дебарските гимназијалци од денеска сепак со онлајн настава.И покрај тоа што по протестот од страна на средношколците директорот на гимназијата 28 Ноември најави дека од понеделник се враќаат во училишните клупи  ја промени одлуката .Имери вели дека по низа консултации со експерти од здравствените институции и министерката за образование и наука, Мила Царовска ,владата и членови на неговата партија одлучиле дека здравјето е пред се .

Струшките средношколци од Ибраим Темо и Нико Нестор пак продолжуваат со бојкотот на онлајн наставата тие остануваат на ставот да учат со физичко присуство подржани од локалната.

Министерката за образование и наука Царовска, претходно најави  дека ќе следат сакции за оние училишта кои нема да ги почитуваат одлуките.