Ѓоковиќ: Едноставно тоа се годините, телото е истрошено...

Седумкратниот победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ годинава настпот на Грен слемот во Лондон го заврши во полуфиналето. Поуспешен од него беше Јаник Синер со 3:0 во сетови и за Италијанецот ова беше петта победа над Србинот во серија.
Ѓоковиќ во мечот влезе со повреда од четвртфиналето и со пропуштен тренинг ден пред мечот, а по вториот сет му беше укажана и медицинска помош.
– Нема да се жалам на повредата, едноставно Синер беше подобар и заслужи пласман во финалето. Разочаран сум дека не можев добро да се движам. Не сметам дека беше лоша среќа, едноставно тоа се годините, телото е истрошено,… Колку турнирот трае подолго толку ми е потешко, еве играв полуфинале на сите грен слем турнири годинава. Потоа следува меч со Алкараз или Синер, тие се помлади подготвени, побрзо „се враќаат“ по одиграниот меч. Внимавам на телото, но тука се и повредите, изјави Ѓоковиќ.
Во однос на неделното финале Ѓоковиќ, предност му дава на Шпанецот Карлос Алкараз против Синер, поради двете титули кои ги има на Вимблдон. Но, сепак очекува неизвесен финален меч.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
