Тенис
21. January 2025 - 15:25

Ѓоковиќ го победи Алкараз и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ попладнево го победи Шпанецот Карлос Алкараз со 4:6, 6:4, 6:3 и 6:4 во четвртфиналето на Австралија Опен 2025 година.

Мечот траеше 3 часа и 35 минути.

Триесет и седумгодишниот Ѓоковиќ имаше 5 асови, 3 двојни грешки и 7 конвертирани брејк топки од 11.
Шпанецот направи 5 двојни грешки и реализира 7 брејк топки од 13.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе се соочи со Германецот Александар Зверев.

Грен слем турнирот во Мелбурн се игра за награден фонд од 59,9 милиони долари.

Ново на Сител