Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос

Шестиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос откако попладнево лесно се справи со Камерон Нори и го победи Британецот со 6:2, 6:3, 6:2 по два часа и 10 минути игра.
Со денешната победа, 24-кратниот грен – слем првак ја продолжи својата серија од четири последователни победи од 3:0 на турнирот во Париз и се пласираше во четвртфиналето без загубен сет.
За место во полуфиналето ќе игра против Германецот Александар Зверев. Нивниот последен дуел беше во полуфиналето на Австралија Опен, кога при водство на Германецот од 1-0 во сетови, Ѓоковиќ го предаде натпреварот.
Ова беше јубилејна 100 победа на Ѓоковиќ на Ролан Гарос, а само Рафаел Надал постигна повеќе, 112.
Паралелно со ова, српскиот тенисер дојде до своето рекордно четвртфинале на Грен слем турнирите и рекордно 18 на Ролан Гарос.
Последниот пат кога не успеа да стигне до четвртфиналето на вториот Грен слем во сезоната беше во 2009 година.
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
