Македонија
3. August 2026 - 12:12

Охрид полн со туристи но и со смет

Охрид полн со туристи но и  со смет.Најкритично е на плажите долж езерото ,на местата каде се одржуваат бројните концерти ,во центарот на градот ,околу пекарите и угостителските објекти.Од Јавното претпријатие Охридски Комуналец посочуваат дека 24 часа се на терен со сите човечки и технички ресурси за одржување на јавната чистота и  дневно собираат околу 600  метри кубни отпад .

Отпадот секојдневно се собира но повторно се трупа свеста кај граѓаните е на ниско ниво.
Во утринските часови  насекаде може да се видат расфрлани лименки ,пластични шишиња и остатоци од храна.

Охридски Комуналец располага со специјални возила за собирање отпад и голем број дежурни екипи бидејќи условите се вонредни огромен е притисокот врз градот. Но и покрај постојаните апели изминативе години за поголема еколошка свест кај граѓаните од сето тоа се уште ништо ,истата слика се повторува секое лето.