Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерсот во Шангај, кој ќе се одржи од 1 до 12 октомври, објавија денеска организаторите на турнирот.
„Се враќа! Нашиот четирикратен шампион повторно доаѓа во Шангај оваа година“, објавија организаторите на социјалната мрежа Икс, илустрирајќи ја пораката со видео од 39-годишниот српски тенисер.
Ѓоковиќ, кој во кариерата има рекордни 24 грен слем трофеи, го одигра својот последен официјален натпревар на почетокот на септември во полуфиналето на Отвореното првенство на САД во Њујорк, кога беше поразен од Карлос Алкараз.
Засега е потврдено дека Ѓоковиќ, до крајот на годината, ќе настапи и на АТП турнирот во Атина (2-8 ноември), додека неговиот настап на Мастерсот во Париз (27 октомври-2 ноември) и на финалниот Мастерс во Торино (9-16 ноември) сè уште не се потврдени.
Ѓоковиќ има четири титули во Шангај кои ги освои во 2012, 2013, 2015 и 2018 година.
МИА
Ново на Сител
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
-

Приведен маж од скопско поради сомнение за сторено убиство, во врска со случајот приведени се уште три лица
-

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово
