Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерсот во Шангај, кој ќе се одржи од 1 до 12 октомври, објавија денеска организаторите на турнирот.
„Се враќа! Нашиот четирикратен шампион повторно доаѓа во Шангај оваа година“, објавија организаторите на социјалната мрежа Икс, илустрирајќи ја пораката со видео од 39-годишниот српски тенисер.
Ѓоковиќ, кој во кариерата има рекордни 24 грен слем трофеи, го одигра својот последен официјален натпревар на почетокот на септември во полуфиналето на Отвореното првенство на САД во Њујорк, кога беше поразен од Карлос Алкараз.
Засега е потврдено дека Ѓоковиќ, до крајот на годината, ќе настапи и на АТП турнирот во Атина (2-8 ноември), додека неговиот настап на Мастерсот во Париз (27 октомври-2 ноември) и на финалниот Мастерс во Торино (9-16 ноември) сè уште не се потврдени.
Ѓоковиќ има четири титули во Шангај кои ги освои во 2012, 2013, 2015 и 2018 година.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Жените веќе не се исклучок во технолошките процеси, туку се нивни креаторки
-

МНРиНТ апелира македонските државјани да се воздржат од непотрбни патувања на Блискиот Исток
-

Царинската управа: Во февруари наплатени приходи од 10,8 милијарди денари, раст од 7,7 проценти во однос на лани
-

Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“
-

Родилка почина по царски рез на Клиника за гинекологија и акушерство
-

Мајка и дете загинаа откако се фрлија од зграда во скопски Карпош
-

Две убиства и обид за убиство: Се проширува истрагата за 25-годишниот убиец од Малотино
-

Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер
