Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ откри дека го хранеле со токсична храна за време на неговото апсење на Австралија Опен во 2022 година.
-Кога се вратив дома, почнав да имам здравствени проблеми. Сфатив дека во тој хотел во Мелбурн ме хранеле со храна која ме отрула. Направив некои откритија кога се вратив во Србија. Никогаш никому не го кажав ова јавно, но открив дека во телото имам многу високи нивоа на тешки метали. Имав олово, многу високи нивоа на олово и жива, ги цитира „GQ“ зборовите на Ѓоковиќ.
Поранешниот прв свестки рекет додаде дека се чувствувал како да има грип. Но, по неколку дена од овој едноставен грип, толку му се слошило што морал да биде лекуван дома од екипа на брза помош. Ова се повторило неколку пати, а потоа морал да направи токсиколошки тестови.
Ѓоковиќ вели дека е трауматизиран од неговото депортирање од Австралија во 2022 година
На почетокот на јануари 2022 година, тој пристигна во Мелбурн за да учествува на Австралија Опен. Меѓутоа, австралиските власти го приведоа поради проблеми со документите за медицинско ослободување од задолжителна вакцинација, му ја откажаа визата и го испратија во карантин.
На 10 јануари, судот во Мелбурн ја усвои жалбата на спортистот и нареди негово ослободување и враќање на неговите документи. Но, подоцна министерот за имиграција Алекс Хок повторно му ја откажа визата на Србинот. Федералниот суд на Австралија отфрли уште една жалба против укинувањето на визата на Ѓоковиќ на 16 јануари и му нареди да ја напушти земјата.
Следниот ден, 17 јануари, тенисерот се врати во Србија.
Триесет и седумгодишниот Србин е 10-кратен шампион на Австралија опен. Отвореното првенство на Австралија во 2025 година ќе се одржи од 12 до 26 јануари во спортскиот комплекс „Мелбурн Парк“.
Ново на Сител
-

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите
-

Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
-

Следната учебна година ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку
-

Вработен во кафуле со остар предмет повредил тетовчанец
-

Над 100 смртни случаи и 150.000 пријави за несакани реакции од лекови за слабеење во Британија
-

32 годишник искршил покуќнина и ги нападнал родителите со нож откако не му дале пари
-

Мицкоски: Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија
-

Пукал со пиштол на семејна веселба, куршумите оштетиле покрив на куќа - Приведен маж од Боговиње
