Ѓорче Петров веќе не е единствена опција за новиот Клинички, дали власта и опозицијата ќе се согласат за касарната Илинден?
Половина милијарда евра тешкиот проект на Венко Филипче за нов клинички центар паѓа во вода. Според информации на Сител актуелната Влада не планира да потроши толку пари за клиничкиот комплекс. Нова власт нови најави за грандиозниот објект а по 13 години зборување за тоа актуелниот министер за здравство посакува тој да ги удри темелите. Но каде, кога и колку ќе чини? Ако на почетокот на мандатот Беким Сали кажуваше дека треба да го продолжат постоечкиот проект за да не губат време, по консултациите со двата спротивставени табори СДСМ и ВМРО ДПМНЕ веќе има нови предлози. Дознаваме дека Веле Поле на поранешниот прв човек во здравството засега е на последно место како локација за клиничкиот. Една од опциите е и ГОБ 8-ми септември иако има дилеми дали капацитетот ќе биде задоволителен.
Стенд уп-Касарната Илинден според информациите на Сител засега е фаворит за нова местоположба каде би бил изграден новиот клинички центар. Станува збор за државно земјиште каде нема да има потреба од денационализација а има и изготвена инфраструктура со вода и електрична енергија.
Сумата од 508 милиони евра колку што ќе чинеше проектот во Веле Поле не беше прифатлив за опозициската ВМРО и од тие причини веќе една година во Собрание е блокиран законот за нов клинички. Опозицијата постојано реагираше дека нема проект а Филипче призна дека физибилити студијата е од 2009 но ревидирана во 2019 со австриска донација. Целта на актуелниот министер е да обезбеди политички консензус. Уштер пред два месеци во интервју за Сител Саали кажа дека итно ни треба таков објект.
-Итно ни треба нов клинички, не е важно на која локација важно е што побро да може да почне да се гради, изјави Беким Сали, министер за здравство. (25.02.2022)
По услогласување на политичкитер партии следен чекор е работна група која што побрзо треба да го подготви теренот за нов комплекс.
И додека кај нас 13 години само на хартија стои новиот клинички центар, во Белград новиот објект чини околу 200 милиони евра а во Ниш околу 80 милиони.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
