Ѓорѓиевски: Целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски беше во Волково, во општина Ѓорче Петров, каде го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „101“.
-За првпат откако е изградена, целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково! Денес, заедно со пратеникот Бојан Стојаноски, сме во Волково, општина Ѓорче Петров, каде го означуваме почетокот на реконструкцијата на една од најважните сообраќајни артерии во овој дел на Скопје - објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Тој истакна дека станува збор за целосна реконструкција на коловоз во должина од повеќе од 1.000 метри, изградба на попивателни бунари, уредување на просторот кај последната станица на линијата „22“, како и поставување нова автобуска постојка.
-Оваа улица има особено значење за жителите на Волково, затоа што претставува директна врска со обиколницата и секојдневно ја користат голем број граѓани. За Ѓорче Петров имаме сериозен и јасен план. Не за зборување, туку за работа - нагласи Ѓорѓиевски.
Тој информира дека по улицата „101“, следуваат и улиците „Шарпланинска“ и „Веле Марков“, како и многу други капитални проекти кои директно ќе го подобрат квалитетот на животот на жителите од овој дел на Скопје.
-Градиме, реконструираме и решаваме проблеми кои со години биле оставани на страна. Продолжуваме силно, одговорно и посветено. Скопје се менува - објави скопскиот градоначалник.
МИА
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
