Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - најголема еко-акција досега

Денеска во 10:00 часот, Град Скопје и скопските општини ќе ја почнат најмасовната еколошка акција за чистење на Скопје, во која ќе бидат вклучени неколку илјади волонтери со цел, како што велат оттаму, да се покаже колку можеме кога сме сплотени и кога љубовта кон својот град ја претвораме во дело.
- Акцијата го опфаќа целото Скопје, во секоја скопска општина! Заедничката грижа за градот ќе ја покажеме насекаде, затоа што секое маало заслужува чиста и уредена околина. Ќе ни се приклучат сите општини, градоначалниците, амбасадите, ученици, јавни личности, спортисти и многу наши сограѓани. Различни генерации, различни професии, но иста желба - да имаме почисто, поубаво и поздраво Скопје! Ве повикувам сите што го сакате овој град да бидете дел од акцијата. Повикајте ги пријателите, соседите, колегите. Да ги засукаме ракавите и заедно да се погрижиме за улиците по кои секојдневно поминуваме, за парковите во кои растат нашите деца и за маалата што ги нарекуваме свој дом. Секој од нас сака чиста околина - напиша вчера скопскиот градоначалник на својот Фејсбук профил.
На ваков начин, вели, имаме можност со сопствен придонес да покажеме дека сме подготвени и да ја создаваме и да ја чуваме околината.
-Тука не застануваме. Ваквите акции ќе се одржуваат двапати месечно. Со редовно чистење, со сè поголемо учество и со заедничка посветеност, ќе ја претвориме оваа иницијатива во традиција на која Скопје ќе се гордее. Да оставиме пример што ќе се следи. Да создадеме навика што ќе трае и по завршувањето на секоја акција. Да ги научиме најмладите на одговорност преку нашите постапки, а на секој што несовесно фрла отпад да му покажеме дека зад чисто Скопје стојат илјадници луѓе што се грижат, работат и нема да се откажат од својот град. Верувам во скопјани. Верувам во силата на личниот пример и во солидарноста што многупати сме ја покажале - додава Ѓорѓиевски.
Според него, само сплотени можеме да ја подигнеме свеста и да направиме грижата за јавниот простор да стане наша секојдневна навика.
- Секоја рака е добредојдена и секој придонес е важен. Нека оваа акција биде почеток на една убава промена што сите ќе ја гледаме, но и сите ќе ја чуваме. Да излеземе масовно за нашето Скопје. Да оставиме пример, не ѓубре, потенцира градоначалникот на Град Скопје Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
-

86 кг храна годишно по жител завршуваат во отпад од македонските домаќинства - глобално пропаѓаат над милијарда оброци дневно
-

Посебен режим на сообраќај поради посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен
-

Трамп: Можно е по изборите да го засилиме бомбардирањето на Иран
-

Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Кратењето средства за ОН го доведува во ризик образованието на милиони деца бегалци
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца - Судот ќе одлучува утре
