Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - продолжува најголемата еко-акција досега

Да оставиме пример, не ѓубре - продолжува најголемата еко-акција досега, напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.
- Силата на Скопје е во неговите луѓе. Во оние што ќе излезат од својот дом за да го направат поубав и заедничкиот. Во рацете што чистат, во свеста што се буди, во решителноста да оставиме нешто добро зад себе - порача Ѓорѓиевски.
Тој најави дека денеска во 10 часот, се продолжува со најголемата еко-акција досега.
- Илјадници волонтери, во сите скопски општини, повторно ќе се обединат за почист, поубав и поздрав град. На повеќе од 50 локации ќе чистиме паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите. Ќе бидеме таму каде што секојдневно се одвива животот, каде што се среќаваме со соседите, каде што ги носиме децата на прошетка, каде што сакаме да седнеме и да уживаме во своето маало. Со нас ќе бидат општините и градоначалниците, учениците, волонтерите и сограѓаните од сите генерации и професии - додаде Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека секој придонес е важен.
- Секој пар вредни раце значи уште едно почисто катче во нашиот град. Затоа, ве повикувам, да ја претвориме желбата за поубаво Скопје во заедничка работа што ќе се гледа во секое маало. За точните локации и начинот на приклучување, информирајте се во вашата општина. Ќе продолжиме со истата енергија и упорност, сѐ додека грижата за заедничкиот простор не стане навика што секојдневно ја живееме - додаде градоначалникот.
Во објавата на Фејсбук се додава дека како институции, се има обврска да обезбедат ред и редовно одржување на чистотата. Како граѓани, се истакнува, сите имаме одговорност да го чуваме својот град.
- А, секој што несовесно фрла отпад и создава депонии мора да понесе одговорност за своите постапки. Нечија неодговорност не смее да го поништува трудот на илјадници луѓе. Верувам во Скопје, затоа што верувам во скопјани и во силата да се обединиме. Таа сила веќе ја покажавме - додаде градоначалникот.
Ѓорѓиевски порача дека денеска ќе ја претворат во дела.
- Се гледаме во 10 часот. Со засукани ракави и со срце за Скопје. Зад нас нека останат чисти маала и пример што ќе го следат генерации. Да оставиме пример, не ѓубре - порача Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за маж кој 8 месеци силувал дете помало од 15 години
-

Мицкоски: По шест месеци најавување „скандали“ за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, парите се за економија
-

Сведочење на судењето на 13 полицајци за „Пулс“: Не изгледаше дека ќе биде сериозна ситуација
-

Мицкоски до Филипче за рудниците: Ние не ја распродаваме државата, туку го враќаме она што вие го распродадовте
-

Мицкоски: Инвестираме во модернизација на институциите и подобри јавни услуги
-

Не ја затворил ниту вратата од автомобилот – 44-годишник со 2,78 промили алкохол во крвта уапсен во Кочани
-

Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
-

Голема полициска акција во здравството: Под истрага приватна болница, вработени во Фондот и Ден Дончев
