Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
По силното невреме што денеска го зафати Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека Кризниот штаб на Град Скопје и екипите на јавните претпријатија се целосно мобилизирани и подготвени за интервенции на терен.
Според неговата објава, службите се во постојана координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Министерството за внатрешни работи (МВР), ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и другите надлежни институции, со цел навремено да се реагира доколку има поплави, штети или други последици од невремето.
Ѓорѓиевски информира дека сите расположливи капацитети се ставени во функција и дека екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ, интервенирајќи секаде каде што ќе биде потребно.
Воедно, тој апелираше до граѓаните да бидат внимателни, смирени и да соработуваат со надлежните служби, нагласувајќи дека институциите се подготвени да одговорат на сите предизвици предизвикани од невремето.
Ново на Сител
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
