Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува Аеродром и Гази Баба, наскоро ќе биде ставен во функција, посочувајќи дека веќе се асфалтираат пристапните улици и се финализираат активностите за негово поврзување со сообраќајната мрежа.
-Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција - зборот е збор! Ветив дека во мојот четиригодишен мандат ќе го ставиме во функција. Но само за неполна година го одглавивме проектот и веќе ги асфалтираме пристапните улици со што ќе се стави во функција - напиша Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.
Тој истакна дека претходно бил решен процесот на експропријација потребен за изградба на пристапите до мостот, што, како што наведува, со години бил блокиран.
-Мостот што граѓаните го нарекуваа „мост за ловење риба“, конечно ќе ја добие својата вистинска намена. Претходно, го решивме процесот на експропријација неопходен за пристапите, заглавен од претходните раководства, ја ослободивме трасата и сега работиме за мостот наскоро да ги поврзе двете соседни општини. Со тоа ќе овозможиме полесно движење, пократки патувања и растоварување на сообраќајот - посочи скопскиот градоначалник.
Ѓорѓиевски додаде дека паралелно се работи и на експропријација на преостанатиот дел од булеварот до неговото целосно завршување.
-Нашата обврска е да го довршиме проектот во целост. Дадениот збор пред мојот народ го исполнуваме со работа, чесно и посветено. Со решавање на проблемите и со резултати што се гледаат - наведе тој.
Како што нагласува Ѓорѓиевски, реализацијата на проектот ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете соседни општини и подобрување на сообраќајната инфраструктура во главниот град.
МИА
Ново на Сител
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
-

ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје
-

Кумановец нападнал полицаец при обид да биде приведен
-

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот
-

Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија за што имаме поддршка од ЕУ и земјите членки, нашите позиции се јасни и принципиелни
