Македонија
8. November 2026 - 14:50

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него

Кривична пријава за демнење доби 26-годишен жител на Кочани, кој во период од околу три месеци следел 33-годишна жена и ѝ упатувал закани доколку не прифати да биде во љубовна врска со него.

Според информациите од полицијата, К.М. ѝ се заканувал на жената дека ќе објави експлицитни фотографии и видеоснимки кои претходно тајно ги направил.

Случајот го документирала Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница, која против него поднела кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.