Ѓорѓиевски: Најголемата почит кон жртвите од земјотресот во 1963 е да создадеме град достоен за нивниот спомен

По повод 63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска положи цвеќе пред Споменикот на жртвите, оддавајќи почит на загинатите во трагедијата од 26 јули 1963 година.
По тој повод, Ѓорѓиевски на Фејсбук порача дека Скопје и по шест децении се сеќава на жртвите од земјотресот што на 26 јули 1963 година, во 5:17 часот, однесе повеќе од илјада животи и зад себе остави разурнати домови и разделени семејства.
- За само неколку секунди беа згаснати повеќе од илјада човечки животи, разурнати домови и разделени семејства. Зад секоја бројка остана нечие дете, родител, сопруг, пријател, нечиј цел свет. Денес, со длабока почит, се поклонуваме пред споменот на жртвите. Нивната болка е вградена во темелите на нашиот град, а обврската да не ги заборавиме е вечна - стои во објавата.

Во објавата тој потсетува дека по катастрофата светот му подал рака на Скопје и помогнал во неговата обнова, поради што градот станал симбол на човечноста и светската солидарност.
- Денес, наша должност е да продолжиме таму каде што застанаа генерациите пред нас - да го чуваме, унапредуваме и градиме со визија, одговорност и љубов кон секој негов дел. Да создадеме современо, безбедно и достоинствено Скопје, град што ќе го почитува своето минато, но храбро ќе ја гради својата иднина. Затоа што најголемата почит кон оние што ги загубивме е да создадеме град достоен за нивниот спомен и за генерациите што доаѓаат - наведува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
