Македонија
25. December 2025 - 16:33

Ѓорѓиевски: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка на градот

Градот Скопје денеска треба да добие буџет за 2026-та. Планирано е следната година да се соберат над 7 милијарди денари, а да се потрошат над 8 милијарди.

Пред да се гласа буџетот, на дневен ред пред советниците беше кварталниот извештај за извршување на годинешниот буџет заклучно со септември.

Градоначалникот Ѓорѓиевски го нарече еден од најкатастрофалните извештаи во историјата на градот. Вели дека наследил 40 милиони денари во градската каса, а денеска има над 400 милиони на сметка.

- Наследството од Петре Шилегов и Данела Арсовска изнесува 2,9 милијарди денари во активни судски постапки. На 08.11.2025 година јавните претпријатија немаа земено плата за месец септември. Тоа беше директен удар врз Буџетот на Град Скопје и врз достоинството на вработените. Некој си поигрувал со нивните судбини. Со ребалансот на Буџетот овозможивме сите јавни претпријатија да ги добијат заостанатите плати изјави Ѓорѓиевски.

На денешната седница треба да се изгласаат и субвенции за помош на јавните претпријатија.