Ѓорѓиевски: Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“ да се загрози здравјето на нашиот народ

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски денеска на граѓаните им го честита празникот 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба и информира дека се чисти главниот град за да не се загрози здравјето на скопјани.
-Добро утро Скопје, честит празник Македонијо! Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот. Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“ да се загрози здравјето на нашиот народ. Затоа, преземаме во свои раце! А за неколку дена од сега, после преземањето на функцијата градоначалник на Скопје - ова ќе биде минато. Го имате мојот збор! Скопје за 72 часа ќе биде чисто!, напиша на Фејсбук Ѓорѓиевски.
Тој упати благодарност до општините Куманово, Кавадарци, Илинден, Зелениково, Сопиште и општествено-одговорните компании кои помогнале.
МИА
Ново на Сител
-

559 претставки за дискриминација лани - раст од 22% за една година
-

Села ќе формира нова партија
-

Трамп тврди дека во Техеран преговара со вистинските луѓе, Техеран вели дека си преговара сам со себе
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
