Ѓорѓиевски од Брисел: Интеграцијата во ЕУ останува стратешки приоритет на Македонија

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска престојува во посета на Брисел, каде што се одржува седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, тело за соработка на македонските општини со локалните власти на земјите од ЕУ, каде што ќе има и свое обраќање.
Како што посочува Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, на овој форум присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите членки на Европската Унија, како и од земјите кандидати за членство.
Седницата, како што напиша во објавата, претставува можност за размена на искуства, зајакнување на соработката меѓу општините и дискусија за предизвиците поврзани со процесот на европска интеграција, со посебен фокус на улогата на локалната власт во овој процес.
- Интеграцијата во Европската Унија останува стратешки приоритет на Македонија, а општините имаат клучна улога и во евроинтеграцискиот процес и во спроведувањето на реформите. Тие се директни партнери во приближувањето на локалните стандарди кон европските и во исполнувањето на агендата за интеграција. Во тој контекст, дискусиите ги насочивме кон патот до членство, продолжувањето на реформите и зајакнувањето на улогата на локалната власт како важна алка што ја приближува нашата земја кон европското семејство - нагласува градоначалникот Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
