Ѓорѓиевски по изборот на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ова раководство ќе ја испише историјата, нè очекува многу работа

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа, преку својот фејсбук профил, изрази искрена и длабока благодарност за довербата што му ја уакажа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да биде дел од Извршниот комитет на партијата.
Ова, како што наведува Ѓорѓиевски, за него е должност што се прифаќа со исправен грб, со чиста совест и со подготвеност, огромна посветеност и пожртвуваност за подобро Скопје и посилна Македонија.
- Патот што го изодевме не беше лесен. Нам не ни беа подарени победи, туку ги освоивме со истрајност, со жртва и со верба. Но токму тие тешкотии нè направија поцврсти, поодлучни и пообединети. И затоа денес можеме гласно и гордо да кажеме - ние успеавме! Мојата приказна со ВМРО почна уште на 16-годишна возраст. Од претседател на местен комитет, чекор по чекор, секоја скала и секој филтер, до член на највисокото партиско тело. Пат што од млади години учи дека карактерот се гради во тешки времиња, а лидерството се докажува кога е најтешко. Затоа, со целосна увереност велам дека рамо до рамо со претседателот Христијан Мицкоски, ова раководство ќе ја испише историјата. А историјата ќе биде наклонета кон нас, затоа што ние имаме намера да ја испишеме! Во периодот што следи, заедно со општинските комитети, со ветераните, со УМС и УЖ, нè очекува работа и само работа. Мотивирано, обединето и цврсто ќе чекориме напред, за доброто на нашиот горд народ, за иднината на нашите деца и на генерациите што доаѓаат, пишува Ѓорѓиевски во објавата на фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
-

Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026
-

Македонските тенисери го стартуваат дуелот со Кипар
-

Ѓорѓиевски по изборот на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ова раководство ќе ја испише историјата, нè очекува многу работа
-

Поради магла, намалена видливост до 100 метри на Стража и Маврово и до 60 метри на патот Гевгелија – ГП „Богородица“
-

Трамп се заканува со царини за трговските партнери на Иран
-

Отворени 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина
-

Променливо облачно и релативно топло, со слаб локален дожд
