Македонија
2. July 2026 - 13:35

Ѓорѓиевски: Се руши тобакото „Али Тобако“ кај Бит Пазар

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека се урива „Али Тобако“ кај Бит Пазар.

Во објава на Фејсбук, тој ја сподели веста за уривањето и објави фотографија на која, најверојатно е и сопственикот на објектот. 

„Со добар збор и домаќински пристап, нема невозможно решение“, напиша Ѓорѓиевски.