Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење

Водата за пиење во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за употреба. Изминатиов период во јавноста и на социјалните мрежи се пласираат информации за површинска депонија што се поврзува со изворот „Рашче“, а со тоа се создава непотребен страв и паника кај граѓаните во однос на безбедноста на водата за пиење.
Депонијата не е на територија на Град Скопје, соопшти попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.
-Затоа, сакам најпрво да ги кажеме фактите. Депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче“. Истата постои веќе 30 години. Без разлика на тоа, секоја депонија која претставува еколошки проблем треба да биде исчистена. ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје е задолжено да постапи во рамки на своите надлежности, а Град Скопје ќе застане со целосна поддршка за оваа локација да биде расчистена, иако не е на наша територија. Истовремено, сакам јасно и недвосмислено да порачам - водата што ја пијат скопјани е безбедна - пишува во објавата на Фејсбук.
Градоначалникот додава дека резултатите од секојдневните анализи на водата покажуваат дека таа е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење.
-Секој ден дополнително се земаат примероци од 36 до 40 различни локации низ водоснабдителниот систем, кои детално се испитуваат во лабораториите на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. Изворот „Рашче“ е под постојан, 24-часовен надзор и обезбедување. Станува збор за простор кој е силно заштитен со видеонадзор, како и со физичко обезбедување на голема површина околу изворот. Затоа, на граѓаните сакам да им порачам, бидете спокојни. Скопје има безбедна вода за пиење - додава Ѓорѓиевски.
Во објавата се истакнува дека со здравјето на граѓаните нема политика, нема манипулации и нема компромиси.
-Никогаш нема да премолчам доколку постои каков било ризик по здравјето на скопјани. Но, исто така, нема да дозволам со невистини, шпекулации и ширење паника да се создава недоверба таму каде што фактите, анализите и резултатите јасно го покажуваат спротивното. Се грижиме за нашето Скопје. Во секој детал - потенцира Ѓорѓиевски во објавата.
МИА
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
