Ѓорѓиевски: Скопје памети - 83 години од црниот 11 март

Денес со тешко срце се сеќаваме на нашите 7.144 сограѓани македонски Евреи, кои на овој ден беа насилно одземени од своите домови, од своите семејства и од своето Скопје, испратени кон сигурна смрт во логорот Треблинка, напиша во објава на Фејбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Ова, како што поочува скопкиот градоначалник, е болка што сè уште живее во сеќавањето на нашиот град.
-Тие беа наши соседи, пријатели, еснафи - луѓе што со својата работа, култура и дух го градеа животот на Скопје. Еден ден исчезнаа, а зад нив остана тишина што трае со децении, нагласува тој.
Трагедијата на Холокаустот, како што вели Ѓорѓиевски, е вечна опомена за човештвото и доказ колку ниско може да падне човекот кога омразата ќе стане идеологија, а злото политика.
-Затоа нашата должност е да паметиме. Да ја чуваме вистината. И никогаш да не дозволиме темнината повторно да се врати. Скопје никогаш нема да ги заборави своите сограѓани. Нека е вечен споменот на жртвите, посочи Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
-

Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се реши преку издавање годишни визи со повеќекратен влез и излез од Шенген зоната
-

Нова измама: Лажни СМС пораки за сообраќајни прекршоци испратени до граѓани
-

Шест случаи на семејно насилство за едно деноноќие
-

Мицкоски: Не го познавам лично Савевски, но би можел да биде одличен државен јавен обвинител
-

Љутков: Целосно се неточни и неосновани тврдењата за злоупотреба на службената положба, никој од вработените во културата не е обесправен
