Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Со брза, навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето кое го зафати Скопје, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
-Екипите на Град Скопје и јавните претпријатија се будни, мобилизирани и на терен. Така ќе остане во текот на целата ноќ, сè додека има потреба од интервенција и поддршка за граѓаните. Во постојана координација сме и со колегите градоначалници, како и со сите надлежни институции. Нема простор за паника, но има обврска за брза реакција и целосна посветеност, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Во објавата нагласува дека Скопје и скопјани не се оставени сами.
-Скопје има луѓе кои се на терен кога е најпотребно, порача Ѓорѓиевски.
Главниот град денеска околу 14:30 часот го зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, засилен ветер и електрични празнења. Во делви од Градот паѓаше и силен град. Повеќе сообраќајници и подвозници се поплавени, а има и оштетени семафори и паднати дрвја. Во делови од градот полицијата го пренасочува сообраќајот.
Ново на Сител
-

Документи од државен пазарен инспекторат докази во судењето за „Пулс“
-

И странските државјани ќе бидат санкционирани за прекршоците во сообраќајот
-

Лукровски повторно на работа, ги демантира шпекулациите за оставка
-

Воениот врв на НАТО, од Скопје најави оптимизација на мисијата на КФОР
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов обид за деблокада на изборниот законик во Собранието
-

Имињата на новите министри до крајот на неделата ќе бидат поднесени во Собрание
-

Од 1 окотмври секој сам пред матичен ќе дава согласност за донирање на органи
