Ѓорѓиевски со порака за 22 години од смртта на претседателот Трајковски: Неговата визија останува патоказ

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски, во Алејата на великаните во Скопје.

- Пред 22 години, на овој ден, Македонија ја почувствува една од најтешките загуби во својата понова историја. Трагичната вест за падот на авионот со кој кон Мостар патуваше претседателот Борис Трајковски ја зави државата во тага. Заедно со него, животот го загубија и осуммина членови на делегацијата, луѓе посветени на службата кон татковината, напиша на Фејсбук градоначалникот Ѓорѓиевски.
Борис Трајковски, како што посочи Ѓорѓиевски, беше повеќе од државник.
- Тој беше симбол на смиреност во тешки времиња, глас на разумот и човек што искрено веруваше во силата на единството. Со достоинство ја носеше функцијата претседател, но уште поголемо достоинство носеше во својата човечност. Веруваше во Македонија. Во нејзината иднина, во нејзините луѓе, во можноста да бидеме подобри и посилни заедно. Неговата визија за стабилна, демократска и европска држава останува патоказ и денес. Со почит и благодарност се сеќаваме на неговото дело и на неговата жртва. Слава му и вечен спомен, напиша Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

15-годишник силувал 17-годишно девојче откако претходно се договориле да се сретнат
-

Папата Лав XIV упати апел за запирање на спиралата на насилство во Иран
-

Сообраќајка во Битола, повредено 17-годишно момче
-

Возило излетало од автопатот Скопје-Штип, двајца повредени
-

Тешко повреден мотоциклист кој удрил во куче
-

Иранскиот претседател вели дека убиството на Хамнеи е „објава на војна против муслиманите“
-

Во нападите врз Техеран оштетена амбасадата на Србија | ФОТО
-

ДЗС со вежба го одбележува Светски ден на цивилната заштита
