Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
Македонецот Миле Трифуновски, кој во моментов живее и работи во Доха за Сител Раскажува дека околу 12 часот по локално време ги слушнале првите детонации. Вознемирени велат дека ги почитуваат препораките од центрите за управување со кризи,но сметаат дека состојбата во моментов е стабилна. Во Катар во моментов има околу 350 Македонци, но засега никој не бара евакуација.
Детонациите се слушнале и во Дубаи, но нема поголема вознемиреност помеѓу македонците кои се таму. Фитнес инструкторот Марио раскажува дека иако се вознемирени, нема предупредувања за евентуална евакуација.
Македонското МНР е во постојана комуникација со амбасадите и конзуларните преставништва доколку некој од македонските граѓани побарааат помош. Според информациите од Абу Даби, околу 30 тина македонци се јавиле во амбасада но не за евакуација туку за повеќе информации околу состојбата.
Сликата е поразлична во Израел, од каде според МНР, досега единаесет македонски државјани официјално побарале евакуација од таму. Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба.
Во оваа фаза, препораката до нашите државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено, известуваат од МНР.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
