Македонија
4. November 2026 - 16:41

Научната заедница: Бугарија ќе продолжи со блокадите и по уставните измени

И да ги внесеме Бугарите во Уставот, Бугарија ќе продолжи да не условува. Меѓу барањата ќе бидат и промена на историското претставување на Македонија, промена на претставување на македонскиот идентитет, проблеми со јазикот, со архивите и тоа е јавен став што бугарската држава го има изнесено. Внесувањето на бугарскиот народ во преамбулата на македонскиот устав е само првиот услов, смета поранешниот член на македонско-историската комисија со Бугарија, Огнен Вангелов. 

Според академик Катица Ќулафкова, Македонија не требаше да ги потпише ниту Преспанскиот договор, ниту протоколите со Бугарија. Бугарија ќе продолжи да ги користи исполнувањата од протоколите како изговор за да ја блокира Македонија во евроинтегративниот процес.

Европската Унија треба да има предвид дека со негирањето на македонскиот јазик и идентитет од страна на Бугарија, македонските граѓани се одалечуваат од идејата за ЕУ. 

Денеска академската и научна заедница одржа научен собир за негирањето на посебноста на македонскиот јазик и македонската нација како форма на политички говор на омраза.