МЗ - Нема да има присилни мерки за вакцинација со МРП-вакцината
Здравствена установа во Скопје веќе добила насоки за евентуален прием на бебиња и деца доколку дојде до ширење на заразата. Здравствените власти не планираат репресивни мерки за што поголема вакцинација против МРП туку ќе апелираат на свеста на родителите. Иако нема новозаразени, состојбата на терен со невакцинирани е алармантна во поголем број на општини. Во Ѓорче Петров според статистиката што ја направила службата за превентивна заштита, од 1800 новороденчиња во периодот од 2021 до 2024, повеќе од половината не добиле вакцина против мали сипаници.
- Освен повик на свеста на родителите, комуникација со матичните лекари и педијатри, акција во смисла на присилни мерки нема да правиме бидејќи во минатото се покажа дека присилните мерки во одредена мерка се контрапродуктивни. Ние ќе зборуваме и понатаму, јас моите деца ги имам вакцинирано, јас се вакцинирав против сезонскиот грип за да демонстрираме дека нема подобра заштита од вакцинацијата, изјави Сашо Клековски, министер за здравство.
Иако е законска обрска во градинка да нем примаат деца без задолжителните вакцини меѓу кои и МРП, на терен состојбата е поинаква а и здравствените власти велат дека мерката се заобиколува. Но по појавата на 5-те случаи во земјата, деновиве во вакциналните пунктови како што велат лекарите им доаѓаат дца на 3 или 4 годишна возраст од претхколки установи кои не ја примиле навреме вакцината против МРП.
Досега се регистирани 5 случаи на морбили кај 4 бебиња и 40 годишен маж, од кои еден случај е странски државјанин.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
