Македонија
4. November 2026 - 16:41

Мнозинството бара надзорна расправа за Алта да се одржи утре

Собраниското мнозинство бара утре да се одржи надзорната расправа за случајот со Алта Банка. 

Во пратеничката група на СДСМ од каде доаѓа и Претседателката на Комисијата за финанссирање и буџет која треба да ја организира расправата попладнево се уште го координираа ставот околу предлогот за утрешниот термин.

Партискиот лидер на прес конференцијата претпладнево побара Гувернерот да си поднесе оставка. 

Опозицијата во понеделникот побара Собранието да организира надзорна расправа по крахот на Алта Банка во Србија и проблемите кои тоа ги направи со нејзината фирма во Македонија. 

СДСМ најави и интерпелација за гувернерот Славески. Предлогот до пратениците, како што рече  партискиот лидер ќе стигне деновиве.