Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид

Заедно со заменик-градоначалникот на Карпош, Неделчо Крстевски, денеска го означивме почетокот на реконструкцијата на улица „Загребска“, една од важните сообраќајни артерии во Карпош, која секојдневно ја користат илјадници граѓани. Оваа улица има особено значење не само за жителите на Карпош, туку и за сите кои гравитираат кон овој дел од градот, особено имајќи предвид дека токму тука се наоѓа Институтот за респираторни заболувања кај децата - Козле, пишува на ФБ градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
Според него, безбеден, функционален и достоинствен пристап до ваква значајна здравствена установа не е луксуз, туку обврска.
-Станува збор за улица која со години беше во исклучително лоша состојба и чија реконструкција одамна беше неопходна.
Денес, конечно, започнува со решавање на овој реален проблем кој предолго ги оптоваруваше граѓаните. Со проектот е предвидена целосна санација и уредување на коловозот, со цел да се обезбеди побезбеден, поквалитетен и подолготраен сообраќаен пристап. Дополнително, ќе се изгради и потпорен ѕид во должина од околу 50 метри и висина од околу 4 метри, со што ќе се зајакне стабилноста на теренот, ќе се зголеми безбедноста и ќе се спречат идни оштетувања и ризици на овој потег, вели скопскиот градоначалник.
За Карпош, вели тој, има сериозни капитални проекти.
-Мостот на „Љубљанска“ веќе е во напредна фаза. Проект кој со години беше закочен и за многумина изгледаше речиси невозможно да биде пуштен во функција, денес е одблокиран и се реализира со засилена динамика. Веднаш по преземањето на функцијата, се фативме за работа. Со посветеност, волја и добро менаџирање ја добивме потребната согласност од Конзерваторскиот центар, а денес на терен веќе се градат потпорните ѕидови што е уште еден важен чекор поблиску до финалното пуштање во употреба на мостот и изградбата на улицата која значително ќе го намали сообраќајниот хаос во овој дел од градот. Интензивно се работи и на клучката „Момин Поток“. И овој проект, кој во минатото беше заглавен поради недостаток на волја и одлучност, денес е одблокиран и се реализира со силно темпо, информира градоначалникот на Град Скопје.
Додава дека се градат три моста, асфалтиран е дел од трасата, а наскоро продолжуваме и со изградба на другиот дел од мостот на Серава, како и со реконструкција на целиот потег.
-Карпош, ќе добие и голем парк од околу 70.000 м², на потегот помеѓу булеварот „Илинден“ и „Љубљанска“. Тоа ќе биде ново зелено катче за сите генерации, простор за рекреација, спорт, одмор и дружење. Со овој проект ќе го вратиме животот во еден заборавен дел од градското ткиво и ќе создадеме нова вредност за Карпош и за цело Скопје. Работата е нашиот потпис.
Ние ветуваме за да реализираме. Чекор по чекор, проект по проект, го враќаме редот, динамиката и развојот во Скопје, пишува Ѓорѓиевски на ФБ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива
-

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка
-

Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
-

Мицкоски од МЕФ: Предизвиците во енергетската криза да ги претвориме во можност
-

Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој призна вина за семејно насилство врз сопругата
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
