Македонија
20. April 2019 - 16:24

Гласаат затворениците и болните лица во југоистокот на државата

Први својот глас за новиот претседател на државата го дадоа болните и изнемоштените  и лицата  кои  се наоѓаат во казнено поправните домови. Во десетте општини од Југоистокот на државата за овие претседателски избори регистрирани се  766 болни кои своето право на глас го остварија во нивните домови. Во текот на денешниот ден правото на глас го остварија и 111 лица кои во моментов се во казнено поправните домови во регионот. Од сите општински комисии информираа дека подигањето на материјалот од страна на избирачките одбори и процесот на гласање поминува без проблем.

,, Денеска гласаат болните и изнемоштени лица кои се 146 на територија на општина Струмица како и казнено поправен дом, затвор Струмица , 85 лица од 15 општини. Се е во најдобар ред.,, вели ТОМИСЛАВ АНДРЕЕВ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОИК СТРУМИЦА

Во десетте општини од Југоисточниот регион во за овие претседателски избори запишани се вкупно 148 780 избирачи. Тие во текот утрешниот ден нивното право на глас ќе може да го остварат на едно од 276 те избирачки места. Во овој регион освен за претседател граѓаните на општина Ново  Село утре ќе гласаат и за градоначалник.