Го грабнале и тепале за да признае дека ја силувал сопругата на едниот од нив, двајца кавадарчани осудени на вкупно 10 години затвор

Двајцата обвинети за грабнување на 21-годишно момче од Неготино ја признале вината и добиле вкупно 10 години затвор. Основниот суд Кавадарци го осуди Б.М. (37) на шест, а Ќ.С. (30) на четири години затвор. Притворот им е продолжен до правосилноста на пресудата, а ОЈО Кавадарци најави жалба.
Грабнувањето се случило на 12 април, кога обвинетите насила го внеле момчето во автомобил и го однеле кон Демир Капија. Според обвинението, од него барале да сними изјава во која ќе признае дека ја силувал сопругата на првообвинетиот.
Бидејќи одбивал да признае, му се заканувале со пиштол, го тепале со боксови и пластична цевка и му нанеле тешки телесни повреди.
Момчето, пред да му го фрлат телефонот, успеало да испрати порака за помош до полицијата, а соседи го виделе моментот кога насила бил внесен во автомобил. Откако сфатиле дека полицијата ги открила, обвинетите го однеле момчето во полициската станица во Неготино.
Според психијатриското вештачење, првообвинетиот бил во состојба на битно намалена пресметливост поради трајно душевно заболување.
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
