Годишниот извештај на Народниот правобранител пред матичната собраниска комисија

Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2025 година денеска е на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Како што се наведува во Годишниот извештај, граѓаните и во 2025 година најмногу претставки поднесувале за работата на извршителите и судството генерално. Во овој сегмент, доминирале претставки за барања за деблокада на сметките, на висината на каматата и трошоците, кои ги наплатуваат извршителите, како и за проблемите поради блокада на сметките од страна на повеќе извршители. Во делот на судството најмногу од претставките се за непочитување на принципот за судење во разумен рок.
Во извештајот исто така се забележува и фактот дека Народното правобранителство во изминатата година шест месеци беше без прв човек, но дека и покрај тоа се работело на сите претставки добиени од граѓаните.
Ново на Сител
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
