Бизнис
12. July 2026 - 16:38

Владината кошничка ќе биде усвоена следната недела на ЕСС

Конечно владината кошничка ќе почне да се применува, како против одговор на синдикалната. Се очекува да биде усвоена на економско социјалниот совет , кој ќе се одржи во среда или четврок. Скроена како поверодостојна од онаа на синдикатот, ги содржи само неопходните производи, без луксузните – како алкохол, цигари, одмор во странство. Во пресметките нема и овошје и зеленчук кој не е карактеристично да се консумира во сезона. Податоците кои ќе покажат колку просечно пари му се потребни на едно семејство да се го помине месецот,   ќе се користат како насока за спроведување на економските  политики за заштита на животниот стандард на граѓаните , велат од владата

На Економско социјалниот совет ќе се разгледуваат и евентуални мерки против растечките цени на храната и горивата. Иако состанокот со маркетите се уште не е закажан, се очекува да се одржи пред Советот, за владата да има информации дали трговците доброволно ќе ги намалат профитните маржи. Ако и по предупредувањето – продолжат да ги билдаат цените, ќе бидат воведени мерки.

„Во опција имеме намалаување на ДДВ кај храната и огранижување на мажи.“, додава Ристоски

Анализата на Државниот пазарен инспекторат е готова и пратена до Влада. Се комплетираат бројките и според првиот човек на пазарна, кај дел е нотирано зголемување на бруто профитните маржи над 2%. Образложението на трговците било поради повисоките транспортни трошоци и зголемените плати на вработените.