Македонија
15. November 2023 - 12:54

Голем број малолетници со проблематично ментално здравје

Половина од девојчињата и третина од момчињата се соочуваат со психосоматски симптоми, покажале истражувањата на невладината „Хера“.  Бројот на малолетнички раѓања е речиси трипати поголем отколку во земјите на Европската Унија, а младите порано стапуваат и во прв сексуален однос во споредба со нивните врсници од западноевропските земји.

- Дури 52 отсто од младите луѓе, пред сѐ младите девојчиња и 29 проценти од машките се соочуваат со психосоматски симптоми и тоа секојдневно, на неделна основа, повеќекратно. Истражувањата покажуваат и дека 50 отсто од учениците на 15-годишна возраст во паралелките со албански наставен јазик и околу 25 проценти од учениците во паралелките со македонски наставен јазик ги прифаќаат традиционалните родови стереотипи како, на пример, дека мажот треба да биде авторитетот во куќата, а жената да биде само добра сопруга и домаќинка, наместо напредувањето во кариерата, изјави Румена Гердовска-Којчевска Претседателката на НВО„ХЕРА“

Младите, особено на возраст од 15 до 18 години, се соочуваат и со различни видови насилства. Според психолозите, младите треба да се мотивираат за погласно да зборуваат за насилството кое се врши врз нив.

- Да им се даде сериозна поддршка да имаат правилен пристап кон менталното здравје и потешкотиите со менталното здравје, правилно да го разбираат менталното здравје, да разберат дека повлекувањето во себе не е единствен одговор, туку барање начини да се одговори за своето здравје, така што активно ќе се побуниш, активно ќе се соочиш,  Гордана Блажевска-Спиридонова, Психологот од скопската Гимназија „Никола Карев“.

Блажвска додаде дека е потребно е да се негуваат други вредности, како сочувствителност, емпатија, препознавање на потребите кај врсниците, отколку да биде само грижа, свртеност кон себе и неодговарање на потребите на останатите.