Голем град, но малку специјалисти за пациентите – во велешката болница фалат офталмолози и физијатри
Велешани за третман на глауком, катаракта или физијатриски преглед патуваат до Штип, Кавадарци или Скопје доколку сакаат да добијат здравствена услуга.
Седмиот град по број на жители во државата се соочува со сериозен недостаток на специјалисти и револт кај граѓаните кои со месеци чекаат да добијат дијагноза или терапија. Во Болницата во Велес нема офталмолози и физијатри, а едниот ортопед кој работи не може да постигне да ги види сите пациенти.
Матичните лекари велат не секои болни можат и имаат услови да одат во другите градови. Овој проблем тлее со години, а матичните лекари повторно го кренаа гласот и алармираат дека е крајно време да добијат болнички кадар што е неопходен.
- Граѓаните плаќаат здравствено осигурување за да добијат здравствена услуга. Логично е ние со нашето знаење да овозможиме вистинска услуга, но ова сега е невозможна мисија. Во велешката болница во моментот на две недели има офталмолог што е многу тешко за пациенти со глауком, катаракта, знаеме дека глаукомот ако не се третира може да дојде до слепило, чекаат по една година за операција на катаракта, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, матичен лекар и претседател на ЗПЛРМ
Матичните велат дека не можат така да функционираат во услови кога има голема болница во градот но нема кој да работи во неа. Бараат од здравствените власти итно решение за да не мора секој ден на пациентите да им велат нема термин, или пак да бараат чаре кога станува збор за акутна состојба..
- Замислете да дојде пациент со шпонче во око, ќе направи инфекција и проблеми и сењ праќа во 8-ми септември или во Штип. Но не е целта тоа, не е суштината сите во Скопје да одат, вели д-р Лилија Кочакова Дервишова
Од велешката болница ни потврдија дека имаат проблем со недостигот на очни специјалисти и одеделот за физијатрија и тоаго решаваат со доаѓање лекари од други градови. Од министерството за здравство велат дека обезбедувањето кадри од други установи е согласно закон додека не се надмине проблемот со дефицитарни лекари. А тоа ќе го решат за неколку години додека завршат специјализициите.
- Министерството за здравство го зајакна кадарот во велешката болница со вработување 11 приватни специјализанти од најразлични специјалности (гинекологија и акушерство, гастроентерохепатологија, ендокринологија, интерна медицина, психијатрија, радиологија, нефрологија). Исто така согласно Програмата за специјализации за 2025 година доделени се 28 специјализации, меѓу кои се и споменатите – офталмологија, физикална медицина. Велат од здравство.
На социјалните мрежи реагираат и велешани велејќи дека од централна болница во вардарскиот регион, сега е на дното на листата.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
