Голем пожар крај Омиш: 36 лица повредени, 7 во животна опасност

Вкупно 36 лица добиле медицинска помош во КБЦ Сплит поради повредите здобиени во синоќешниот пожар кај Омиш, јавија хрватските медиуми. По медицинската помош, 14 пациенти се хоспитализирани, додека останатите се пуштени на домашна нега, соопшти болницата.
Седум пациенти се на интензивна нега и нивниот живот е во критична состојба. Како што дознава Индекс, повеќето од нив имаат тешки изгореници.
Уште тројца пациенти се на интензивна нега, додека останатите се хоспитализирани на болничките одделенија.
Повеќето од лекуваните пациенти имаат изгореници, додека останатите најчесто бараат медицинска помош поради респираторни проблеми предизвикани од изложеност на чад.
КБЦ Сплит веднаш ги ангажираше сите достапни тимови за да обезбеди навремена грижа за повредените. Поради зголемениот прилив на пациенти, дополнителни вработени кои беа на одмор беа повикани назад.
МИА
Ново на Сител
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
