Loading Video...
Свет
5. јуни 2022 - 16:36

Голем пожар во депо за контејнери во Бангладеш причина за повеќе од 40 загинати и над 300 повредени

Голем пожар во депо за контејнери во југоисточен Бангладеш причина за повеќе од 40 загинати и над 300 повредени. 

До несреќата дошло по експлозија во контејнер со хемикалии и локалните власти стравуваат дека бројот на жрви може да биде уште поголем поради причината што дел од хоспитализираните во болниците се во критична состојба.

Според сведоштвата огромната експлозија ги затресла зградите оддалечени неколку километри. Меѓу загинаттие има и пожарникари, а меѓу исчезнатите новинари кои известувале за трагедијата.

Ново крвопролевање во САД. Најмалку три лица загинале по пукање во Филаделфија, а десетици се повредени. 

Неколку напаѓачи пукале во толпа на популарна улица каде секој викенд имало забави. И полицијата возвратила, но незнаат дали погодиле еден од напаѓачите. 

-Еден од полицајците возврати на еден од напаѓачите, но во овој момент не знаеме дали тоа е погоден, вели Д.Ф. Пејс полициски инспектор.

По подолг период, утринава главниот град на Украина мета на руски напади. 

Ракети погодиле инфраструктурни објекти во Киев според изјавите на украинските власти. За руската армија, нападот бил насочен кон склад со странска помош и тенкови кои пристигнаале од Источна Европа. 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за радио телевизијата на република Српска, преупреди дека шестиот пакет санкции најмногу ќе и наштети на ЕУ.

-Западот не и дозволува на Украина да преговара. Кога Украина пред два месеци се чинеше дека даде предлог како да се реши ова прашање, а ние ги земавме овие предлози како основа (за разговори), еден ден подоцна, Западот им забрани на Украинците да го продолжат процесот на разговори. 

Тие ја заострија својата позиција. Имаше провокација во (украинскиот град) Буча, која очигледно беше инсценирана, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Во меѓувреме, продолжува руската офанзива во Донбас, а Путин се закани дека ако Украина добие ракети со долг дострел, Русија ќе гаѓа нови мети.