Македонија
9. August 2026 - 16:31

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари

Високите температури денес не носат само жешко време, туку и сериозно предупредување за опасност од пожари. Според податоците од Македонскиот информациски систем за пожари, со растот на температурите расте и индексот на опасност од пожари.

Сител го посети Центарот за управување со кризи, за да провериме каде опасноста е најголема. Ова е мапата на предупредување од пожари за денешниот ден. Може да се забележи дека најголем дел од централниот, истиочниот и јужниот дел се во црвена зона. Тоа значи дека евентуален пожар на отворен простор или во шума може многу брзо да се прошири и да достигне висок интензитет.

На мапата јасно се издвојуваат и планинските предели каде што опасноста е пониска. Но токму жештините и сувото време се причина за зголемена внимателност, особено при престој во природа. 

Оваа мапа ни покажува една многу јасна слика – колку повисока температура, толку повисок е и ризикот. Црвените подрачја зад мене се предупредување дека доколку дојде до избувнување на пожар, тој може многу брзо да се прошири. Затоа надлежните апелираат на максимална внимателност, особено додека престојуваме или се движиме во природа. 

Опасноста надлежните инситуции ја откриваат и преку системот за рано детектирање и процесот на ризикот од пожари. 

Од Центарот за управување со кризи се децидни дека состојбата се следи континуирано, а информациите се споделуваат со институциите кои се надлежни на терен. Мапата на опасност може да се менува во зависност од вренеските услови, но прогнозите на УХМР не одат во корист на противпожарните служби земајќи го в предвид фактот дека температури над 40 степени не чекаат во следната седмица.